Макс Струмица е производител на нашите зрнести производи.
Основна ориентација на Макс е производство на високо-квалитетни и здрави производи врз основа на добрата пракса и на принципите на управување со квалитетот и безбедност на храната. Системот на Макс за управување со квалитет и безбедност на храната, како и континуираниот професионален развој на сите вработени целосно се базира на меѓународни и национални стандарди и прописи. Висок квалитет, посебно внимание кон едноставноста на подготовка и употреба. Стручен тим постојано развива нови идеи и рецептури, експериментира со суровини и зачини.